Без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од селото Нова Бразница.
Од 8.30 до 15.00 часот, струја нема да имаат дел од корисниците од улицата „Виа Игнација“, дел од улицата „Ѓуро Салај“ и дел од улицата „Мице Козар“, од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата „Христофер Жефаровиќ“ и дел од улицата „Томас Минцер“ на дел од улицата „Лазар Димитров“ и дел од улицата „Ефтим Спростанов“.
Прекинот со струја е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Поради отстранување на дефект на водоводна мрежа на „Перо Наков“, утре од 9.00 часот без вода ќе останат објектите на фирмите „Металски Завод – Тито“, „Тинекс“, „Електометал“, „Форма Нова“, „Бриколаж“, „Мерцедес“, „Фон универзитет“ и останатите во околината.
Од 09:00 часот без вода ќе бидат и жителите на Аеродром на булеварот „Асном“ и оние околу крстосницата на „Асном“ со булеварот „Србија“.







