Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците на Карпош, Кисела Вода, Центар и Чучер Сандево.
Во периодот од 9.00 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош. Од 8.30 до 15.00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од улицата „Банско“, дел од улицата „Кратовска“, дел од улицата „Рилски Конгрес“, од бр.50 до бр.57, додека од 8.00 до 17.00 часот нема да има струја на улиците „Петар Драпшин“, „Лав Толстој“, „Добромир Хрс“ и „Ефтим Спространов“ во Кисела Вода.
Во периодот од 8.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците 164 и 163 во населбата Крњево, во општина Центар.
Од 9.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Кучевиште кон манастирот „Св.Архангел Михаил“, во општина Чучер Сандево.