Кога Иван Љубичиќ се приклучи на стручниот штаб на Федерер, една од причините беше таа што Хрватот одлично го познава Ѓоковиќ.
Швајцарските медиуми пишуваат дека Роџер во нови битки со Ѓоковиќ би можел да тргне со Борис Бекер.
Оваа информација на дневниот весник „Дер бунд“ од Берн одекна вчера во Швајцарија, но се помалку-повеќе се сведува на претпоставки на авторот:
„Србин и понатаму ќе биде најголема препрека на Реџер на патот до грем слем пехарите. Зар не би била сјајна приказна кога најмладиот победник на Вимблдон би му помогнал на Федерер да стане најстариот тенисер кој ќе го подигне трофејот на лондонската трева?
Во текстот се наведува дека бекер после разидувањето со Ѓоковиќ нема многу работа и дека главна преокупација во животот му била што ќе стави на Твитер, Инстаграм и Непчет.
Кога ќе му досадат гостувањата по забавните емисии, германецот би можел повторно да се врати на тенисот, а „Дер бунд“ потсетува дека Борис сака да тренира само играчи кои се борат за најголемите трофеи.
„Како Стефан Едберг, Бекер исто така бил еден од идолите на Федерер. И тој има огромно искуство кое може да го подели, може да послужи како извор на инспирација“.
Германецот му помогна на Ѓоковиќ да стигне до дури шест од 12 грем слем титули, а три освои победувајќи го Роџер во финалето“, се наведува во текстот.
Сепак, се чини дека поголема е можноста Матс Виландер да стане нов тренер на Ѓоковиќ, отколку Бекер да му се придружи на Швајцарецот.
Затоа што, кога си заминуваше од стручниот штаб на Србинот, германскиот ас кажа многу убави зборови за својот дотогашен ученик.
„Би му дал на Новак да одигра еден меч за мојот живот. Знам се што се случуваше во последно време, но никогаш не би изнесувал во јавност нешто што треба да остане внатре во тимот“.
Мала е веројатноста дека Борис ќе му зарие нож в грб на момчето со кое помина три незаборавни години и дека сите негови слаби точки би му ги открил на неговиот најголем ривал.
Иако Федерер никогаш не ја криеше воодушевеноста кон Германецот, пред се поради неговите успеси на Вимблдон, тешко дека ќе се одлучи на таков потег. И тоа одма после разидувањето на Бекер и Ѓоковиќ.
Не се во добри односи
Меѓу Германецот и Швајцарецот годинава во неколку наврати избувнуваа искри, затоа што Бекер не е ниту малку благонаклонет, во неговата книга, кон лутиот риван на Ноле.
Борис напиша дека Роџер и Новак никогаш не се сложувале, како и тоа дека Федерер никогаш не би заработил толку пари кога би го открил своето вистинско лице.
Информацијата на „Дер бунда“ е пласирана под насловот „Бекер и федерер, зошто да не?“
Се чини дека има премногу причини зошто двете вимблдонски легенди да не се здружат.