Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Може да се побара сопственичката структура на фирмите што добија поддршка за конкурентност
Економија

Бектеши: Може да се побара сопственичката структура на фирмите што добија поддршка за конкурентност

август 16, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првите 20 милиони денари поддршка од Програмата за конкурентност на Министерството за економија пред две недели им се исплатени на вкупно 81 компанија. Сопственичката структура на овие фирми не беше услов за доделување на средствата,  но може да биде дополнително побарана.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, тој лично не е поврзан со ниту една од овие компании, а формирана е специјална комисија која диреткно на терен ќе проверува дали се реализираат пријавените инвестиции. Средствата се доделени по принципот „прв дојден – прв услужен“.

„Процедурата за оваа мерка беше завршена пред да се објави поддршката од Фондот за иновации  и апликациите во рамки на Агенцијата за странски инвестиции. Можам да ви ја доставам листата на сите компании што добиле средства, но треба да се има предвид дека во Министерството за економија средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“. Не побаравме изјава од компаниите за тоа дали има функционери во нивната сопственичка структура зашто процедурите веќе беа завршени, а комисијата ги донесе одлуките пред еден месец. Во однос на конфликтот на интереси, за мене лично можам да кажам дека ниту еден од моите роднини или блиски не аплицирал за овие мерки. За другите функционери, формиравме комисија, а истовремено ќе ја побараме и сопственичката структура на сите 81 компанија што добија средства. Ако има конфликт на интереси, ние ќе ги објавиме, но истовремено и вие ќе можете да ја побарате сопственичката структура, вклучувајќи го и управителот на компанијата, нагласи министерот.

За ниту еден од повиците за поддршката за конкурентност, дополни, сопственичката структура не е услов за добивање средства.

Според Бектеши, во моментов нема прецизна анализа колку од компаниите што добиваат државна помош остануваат во живот и работат, но извесно е дека поголемите, познати во јавноста, само растат и се доразвиваат.

Во врска со извештајот на НБРМ дека лани згаснале околу 2.000 компании, министерот наведе две причини. Едната е можеби политичката криза, рече, а другата, постапката за бришење на нефункционалните компании од Централниот регистар која го намали за околу 14 отсто бројот на блокирани транскациски сметки.

„Не може да се каже со сигурност што е конкретната причина за податоците што ги извади НБРМ, но треба да се има предвид дека Министерството за економија не направи измени во регулативата во 2016 и 2017 година. Што се однесува до постапката за влез или излез на пазарот, тоа го води Централниот регистар, напомена Бектеши.

Осврнувајќи се на поддршката од Програмата за конкурентност, министерот информира дека е огромен интересот кај фирмите. На досегашните повици пристигнале голем број апликации и повеќето од нив ги исполнуваат потребните услови. Средства добиле 128 компании.

Оние што ги исполнуваат условите, а не добиле средства, ќе бидат поддржани со евентуалниот ребаланс на годинашниот Буџет или со буџетот за следната година.

бектеши Комисија НБРМ Регистар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.