Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Отворената врата кон ЕУ го зголеми интересот на финските бизнисмени за соработка со Македонија
Економија

Бектеши: Отворената врата кон ЕУ го зголеми интересот на финските бизнисмени за соработка со Македонија

октомври 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Отворената врата на нашата земја кон Европа ги донесе денеска нашите пријатели од деловната заедница на Финска на средба со македонските бизнисмени.  Уверен сум дека овој бизнис форум ќе резултира со нови бизнис партнерства започнување на нови форми и проширување на секторите на соработка, што ќе придонесе за зголемување на целокупната трговска размена меѓу двете земји, но и нови инвестиции од Финска, како резултат на стабилното бизнис опкружување за инвеститорите, макроекономската стабилност и еднаквите, транспарентни услови за домашните и странските инвеститори, врз основа на законски уредени критериуми, со кои секој инвеститор однапред знае каква поддршка може да очекува од државата“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на  бизнис форумот на тема: „Doing Business with Finland“, во организација на Стопанската комора на Македонија,  во соработка со Амбасадата на Република Финска во Република Србија и „Finnpartnership.

Според министерот Бектеши, има голем простор за подобрување на соработката, со оглед на фактот што  вкупната трговска размена меѓу двете земји е со релативно мал обем и во периодот 2015 – 2017 година се движи меѓу 9.1 и 16.8 милиони евра, додека кај инвестициите, во периодот од 1997-2017 година е регистриран прилив од Финска во износ од 1,4 милиони евра што претставува 0,03% во однос на вкупните СДИ во Република Македонија. Според Бектеши, радува порастот на фински туристи во Македонија, кој во ова полугодие изнесува 48% за разлика од истиот период лани односно 1.254 фински туристи оствариле 2.139 ноќевања и се очекува таа бројка да се зголемува по влезот на Република Македонија во НАТО.

„Со процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ нашите две земји стануваат сѐ поблиски. Трговската соработка не е на највисоко ниво и се надевам дека денеска ќе изнајдеме нови начини и можности како да ја прошириме и зголемиме нашата билатерална соработка. Уверен сум дека како што ќе напредува пристапниот процес на Република Македонија кон ЕУ, сѐ повеќе ќе се зголемуваат нејзините економски со сите земјите членки на Унијата“, истакна Амбасадорот на Финска во Србија, задолжен и за Црна Гора и Македонија, Н.Е. Перти Иконен.

Финска е една од водечките земји во светот во многу индустрии и е позната по стабилно и просперитетно деловно опкружување, извозна ориентираност и успешни деловни релации како со нордиските земји, така и со единствениот пазар на Европа, а засега од Македонија најмногу увезува текстилни производи, но интересот се проширува и на индустријата за пластика и на машини.

Во име на домаќинот, добредојде на финските бизнисмени им посака Антони Пeшeв, претседавач на Собранието нa Стопанската комора на Македонија: „Средбата со финските бизнисмени е резултат на серијата меѓународни контакти кои треба да ја подобрат соработката со европските земји и убава можност да се запознаеме со потенцијалите за соработка со Финска, која се движи по нагорна линија, но не е сѐ уште структурирана и константна, а имаме продукти и можности да ја избалансираме трговската размена која изнесува околу 12 милиони евра“.

На форумот беше презентирана бизнис климата во Република Финска, како и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија, а акцентот беше ставен на секторот за ИКТ, прехранбената и металната индустрија и животната средина.

Почесниот конзул на Република Финска во Македонија, Светозар Јаневски, пред присутните ја доближи Финска и нејзините особености: „Иако важи за мала земја, нејзината главна карактеристика е индивидуалниот пристап – како размислува поединец во група, како таа група размислува сама за себе, создавајќи посебна филозофија на живеење. Така, додека нивната  Влада се грижи за дипломатските и глобалните прашања, локалната самоуправа ги прави сите планови за своите граѓани, од аспект на наталитетот, образованието, екологијата, индустријата. Позитивниот пристап и промените придонесоа Финска да биде позиционирана на врвот во Европа“.

Ова е прва од серијата деловни средби на СКМ меѓу македонските и финските бизнисмени, која треба да придонесе за изнаоѓање на нови можности за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Финска.

актуелно ЕУ македонија НАТО србија финска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.