Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Сите можности се отворени во спорот со Хеленик петролеум
Економија

Бектеши: Сите можности се отворени во спорот со Хеленик петролеум

јули 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Владата ќе разговараме за тужбата од Хеленик петролеум, ќе избереме адвокатска куќа што ќе нè претставува и нема да седиме со скрстени раце, туку ќе ги употребиме сите аргументи што ќе бидат во полза на државата за да ја добиеме арбитражата, но истовремено ќе се обидеме да преговараме за да најдеме заеднички интерес за државата, граѓаните и компанијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Веќе е формиран тим за преговори со Хеленик петролеум, но не би сакал да навлезам во детали имајќи предвид дека најавија тужба. Треба да се има предвид дека договорот веќе е истечен, но ние уште пред да истече го формиравме тимот за преговори. Зборуваме за договор кој бил потпишан во 1999 година и во моментов нема друг договор за соработка.

Сепак, навремено ќе ја информираме јавноста за сите случувања, изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање во ТИРЗ Скопје 1.

Како држава, додаде, ние имаме свои аргументи, но има и компанијата, поради што не сакам да навлегувам во детали.

– Нашите аргументи ќе ги презентираме ако почне рочиштето. Досега имавме неколку состаноци со компанијата. Генерално преговорите ги водиме јас и вицепремиерот Кочо Анѓушев, но вклучени се и експерти. Ќе ја продолжиме постапката за преговарање и навреме ќе известиме за сè, рече Бектеши.

Прашан дали во преговорите е споменат нафтоводот, прецизира дека Хеленик петролеум веќе неколку пати го отворил тоа прашање и додаде дека не сака да соопштува детали.

– Сè е отворено, сите можности се отворени, имајќи предвид дека преговараме. Претходниот договор е истечен, не е во сила, што значи дека од почеток треба да почнеме со преговорите. Ги земаме предвид сите можни случувања што би произлегле од можен договор со Хеленик петролеум и со конкретна анализа ќе излеземе во моментот кога ние ќе ѝ предложиме на Владата на кој начин да го склучи новиот договор со Хеленик петролеум, потенцира Бектеши.

Хеленик петролеум поднесе тужба до Арбитражниот суд во Париз со која бара отштета од 31 милион евра од државата за неспроведување на Договорот за купопродажба на ОКТА, според кој земјава беше обврзана годишно да откупува по 500.000 тони мазут од грчката компанија. Според компанијата, договорот не бил почитуван во последните десет години од важноста на спогодбата.

Земјава веќе еднаш ѝ плати отштета на грчката компанија од повеќе од 40 милиони евра за нецелосно спроведување на одредбите од Договорот за купопродажба на ОКТА.

актуелно бектеши петролеум спор хеленик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.