Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Енергетската политика претставена на форум во Струга
Економија

Енергетската политика претставена на форум во Струга

јуни 8, 2018Updated:јуни 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за економија Крешник Бектеши учествуваше на Панел дискусијата на тема: Енергетска политика во Република Македонија – патот напред, во рамки на завршницата на Македонскиот енергетски форум 2018, кој се одржува во Струга, со поддршка на АД Електрани на Македонија, Владата на Република Македонија, Амбасадата на САД во Македонија и ЗИП Институтот.

„Според реализираното во последниве неколку месеци, можам да кажам дека сериозно работиме на создавање на солидна алтерантива за иднината. Направивме неколку крупни чекор напред, во насока на создавање на законска рамка која ќе обезбеди основа за сигурна енергетска иднина, како национална, така и регионална, со бројни заеднички проекти со поддршка на меѓународниот фактор. Првиот чекор во утврдување на енергетската политика на РМ веќе го остваривме, односно Собранието го донесе новиот Закон за енергетика! Со него се утврдени главните цели на енергетската политика кои – покрај сигурноста во снабдувањето со енергија, промоција на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливиот развој – вклучуваат интегрирање на пазарот на енергија на Република Македонија во регионалните и меѓународните енергетски пазари“, истакна пред присутните министерот Бектеши кој и ја отвори 5.Панел дискусија.

На прашањето до каде е Македонија со новата стратегија за енергетика, министерот Бектеши рече: „За реализација на споменатите цели на енергетската политика, отпочнавме активности за подготовка на нова Стратегија за развој на енергетиката која треба да се донесе за наредниот период од 5 години и да се однесува на период од 20 години. Во овој документ ќе ги утврдиме приоритетите за долгорочен развој на енергетскиот сектор, споредено со вкупниот економски развој, кој ќе се темели на обезбедување на сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со сите видови на енергија и постигнување на одржлив енергетски развој преку исполнување на целите за зголемување на инвестициите во производни енергетски објекти кои користат обновливи извори на енергија и зголемување на заштеди остварени со примена на мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, до крајот на годината ќе изготвиме и нов Закон за енергетска ефикасност“.

Тој појасни дека увозната зависност на Република Македонија од енергија и енергенси, ќе се намали само преку изградба на нови објекти за производство и пренос на енергија кои се економски и финансиски оправдани, а ги спомена и новините во однос на воведувањето на премиумите како нова мерка за поддршка, кои Министерството за економија ќе отпочне да ги реализира по донесувањето на потребната подзаконска регулатива.

„Создавањето на модерна инфраструктура е неопходниот постулат за  обезбедување на сигурност во снабдувањето со енергија, и во оваа насока се преземаат интензивни активности за изградба на објекти за производство и пренос на електрична енергија, како и во делот на секторот за природен гас. Интересот за гасификација е огромен, па работиме на тоа да обезбедиме природен гас до секоја општина“, истакна тој.

На прашањето за имплементацијата на новиот закон за енергетика кој што претставува транспонирање на Третиот енергетски пакет од ЕУ, Бектеши објасни дека со новиот закон  Република Македонија има обврска да транспонира повеќе директиви и регулативи во националното законодавство од областа на безбедноста во снабдувањето со електрична енергија и природен гас, пристапот на мрежите за прекугранична размена на електрична енергија и природен гас, обновливите извори на енергија, а со самото тоа граѓаните ќе може да сметаат на почиста, сигурна и достапна енергија за сите.

актуелно бектеши зип македонија рм САД струга
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.