Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Ќе има мерки и казни против сите кои што ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза
Економија

Бектеши: Ќе има мерки и казни против сите кои што ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза

јули 6, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ја следиме состојбата на терен со цените и на енергенсите и на основните прехранбени производи. Ќе има мерки и казни против оние фирми кои ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Најави дека Министерство за економија веќе работи на дизајнирање на мерки за поддршка кои ќе бидат насочени кон најранливите категории на граѓани со ниски приходи што ќе бидат спроведени откако ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот во Собранието.

Во денешното гостување во Студио 1 на Телевизија 24 министерот Бектеши потенцираше дека земјава и регионот ги очекува тешка зима во делот на енергенсите, но кажа дека се прават сите подготовки од сите институции со цел да се обезбедат што повеќе количини од домашното производство на електрична енергија и да имаме во континуитет и снабдувањето со природен гас.

„Очекуваме во наредниот период да падне цената на пченицата и на сончогледот поради новата жетва, како и за најмалку 20 проценти да се намалат цените на производите поврзани со овие култури. Но, доколку продолжи трендот на намалување на цените на суровините, а при тоа нема намалување на цените во преработката и трговијата, тогаш Владата ќе мора да интервенира. Тогаш согласно Законот за трговија ќе предложиме пред Владата одредени мерки како замрзнување на цените или на маржите со цел да нема злоупотреби на грбот на потрошувачите. Компаниите ова го знаат затоа што ние на дневна основа ги следиме податоците, кажа Бектеши.

Во делот на злоупотребите на електричната енергија и новиот тарифен модел за цената на струјата министерот Бектеши потенцираше дека веќе се разгледуваат мерки и казни за компаниите кои го злоупотребуваат системот и ситуацијата со енергетската криза на сметка на граѓаните.

„Во координација со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) побарав листа на фирми од Управата за јавни приходи и надлежните институции зошто тоа е кривично дело. Имавме примери на злоупотреба на одредбата од Законот за енергетика од страна на општините, тоа го направија и одредени цркви и џамии и големи компании со над 600 вработени кои имаат синџири на маркети. Тие ја префрлуваат обврската за плаќање на струјата на ново отворена компанија која има под 50 вработени или претходната година имала приходи помали од 2 милиони евра, посочи Бектеши.

За снабдувањето со топлинска енергија во Градот Скопје, откако РКЕ ги одзема лиценците на БЕГ, министерот Бектеши потенцираше дека во наредниот период ќе биде објавен јавен повик за избор на компанија која што ќе ја преземе обврската за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

„Градот Скопје има формирано ваква компанија, но оттаму најавија дека нема да се пријават да ја преземат обврската која што ја имаат според закон. Ако не се пријави ниту една компанија тогаш АД ЕСМ ќе ја преземе оваа обврска, потврди Бектеши.

 

МИА

актуелно бектеши злоупотреба казни криза ситуација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.