Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Белата куќа се подготвува за можен втор бран на вирусот наесен, бројот на нови случаи се зголемува низ САД
СВЕТ

Белата куќа се подготвува за можен втор бран на вирусот наесен, бројот на нови случаи се зголемува низ САД

јуни 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белата куќа се подготвува за можен втор бран на коронавирус наесен, но сепак тоа не значи дека новиот бран сигурно ќе дојде, изјави Питер Наваро, советник во Белата куќа задолжен за трговија и производство, во меѓувреме, бројот на нови случаи во
земјата е во пораст.

-САД ги полнат резервите во исчекување на можен проблем наесен.

Правиме се што е во наша моќ, изјави тој синоќа за Си-ен-ен.

Претходно, претседателот Доналд Трамп изјави дека вирусот ќе „го снема“.

Сепак, податоците од теренот го покажуваат спротивното.

Постои подем од 15 отсто на нови случаи на коронавирус на национално ниво. Низ целата земја, во изминативе пет денови забележан е пораст со повеќе од 30.000 нови инфекции, откако стигна до одредено плато по растежот во претходните 80 денови.

Истовремено, бројот на смртни случаи значително опадна – просечниот број починати во изминативе две недели е намален за 42 отсто, споредбено со претходниот двонеделен период.

Како што јави Њујорк тајмс, подем на нови случаи има во 18 сојузни држави. Калифорнија вчера јави за 4.515 нови инфекции, 3.822 има во Флорида, додека во Јужна Каролина се пријавени 1.155 нови случаи. Во Мисури има околу 500 нови, а во Оклахома околу 400.

Според некои прогнози, Флорида, „може да стане идниот голем епицентар“ и локалниот Оддел за здравство вчера препорача луѓето да избегнуваат толпи поголеми од 50 луѓе. Во државата сега има речиси 94.000 заразени, а досега починале 3.144 лица.

Нови инфекции таму сега започнаа да се јавуват најмногу кај помладите генерации.

Позитивни се големи групи со возраст во 20-те и 30-те години, истакна Рон Десантис гувернер на Флорида.

Според весникот, овие кластери се посебно загрижувачки за универзитетите и колеџите кои планираат да ги вратат студентите во кампусите следната академска година, кога се очекува коронавирусот и грипот да циркулираат заедно.

Изборниот штаб на Трамп на 27 август планира да одржи голем митинг во Џексонвил, Флорида, во спортска сала со капацитет од 15.000 луѓе.

Д-р Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за инфективни заболувања, истражувања и политика при универзитетот Минесота, смета дека немаме работа со прв или втор бран на вирус, и пандемијата ја спореди со „шумски пожар“

-Мислам дека ова нема да успори. Не сум сигурен дека инфлуенцата е добра аналогија, изјави тој синоќа за Ен-би-си, алудирајќи на извештај во негово авторство објавен во април, во кој пандемијата на инфлуенца е земена како модел за да се разбере коронавирусот.

-Мислам дека нема да видиме прв, втор или трет бран. Сметам дека сме соочени со еден мошне сложен шумски пожар од случаи. И секаде каде што има дрвја, оганот ќе гори.

 

актуелно Бела куќа втор бран заболени Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.