Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот
СВЕТ

Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот

ноември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белгија ги надмина Перу и Шпанија во бројот на мртви од Ковид-19 на 100 илјади жители, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со 110 починати на 100 илјади жители, Белгија е сега земја со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во цел свет, покрај досегашните „шампиони“, Перу, Шпанија и Бразил.

Белгија беше меѓу најлошите ученици за време на првиот бран но ситуацијата набрзо се смири.

Од август највисока стапка на смртност имаше Перу, но со појавата на вториот бран Белгија е повторно најостро погодена.

Медиумите во Белгија денеска ги анализираат причините за оваа ситуација и формулираат силни критики кон властите кои уште за време на првиот бран одбија да преземат строги мерки како изолација, карантин и спречување на несуштински патувања во најзаразените зони во Европа.

Се критикува и отсуството на маски и заштитни опреми на почетокот на вирусот, како и недоволното тестирање.

Белгија е исто така густо населена земја на мала површина, што, според експертите, фаворизира брзо ширење на вирусот.

Една од најострите критики кон белгиските власти е фактот што за време на првиот бран беа оставени пензионерските домови речиси целосно сами на себе, со што вирусот масовно ги покоси највозрасните.

Вториот бран на Ковид-19 дополнително ја влоши состојбата во оваа земја која сега брои над десет илјади мртви од вирусот.

Властите се надеваат дека пикот е сега зад нив, но рестрикциите нема да бидат ублажени пред да се знае со сигурност дека епидемијата е под контрола, увери владата.

актуелно Белгија Ковид-19 смртност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.