Израелската полиција го испитува премиерот Бенјамин Нетанјаху заради, наводи за корупција. Ова е 12 пат полицијата да го испитува Нетанјаху во рамки на истрагата за случајот корупција.
Утрово истражителите пристигнале во резиденцијата на премиерот во Ерусалим, додека надвор стоеле демонстранти, кои носеле големи транспаренти со фотографија од Нетанхају, по која пишувало „министер криминалец“ и извикувале слогани барајќи правда.
Последниот пат Нетанјаху бил испрашуван во август, во рамки на истрагата за корупција во израелската компанија за телекомуникации.







