Демократската унија за интеграција нема капацитет за донесување на државни одлуки, е заклучокот на раководството на Движењето БЕСА, по последната изјава на официјални лица на „интегративците“ дека немаат заземено став за да учествуваат во владата која можеше да ја формира мандатарот Никола Груевски.
Таканаречениот принцип „победникот формира влада со победникот” е само алиби на ДУИ за безусловно споделување на власта со Груевски.
„Уште еднаш се потврдува фактот дека ДУИ не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на Албанците. Отпочнувањето на преговорите од страна на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, по јавниот став на оваа партија дека не ја прифаќа заедничката Декларација на Албанските партии во Македонија, е прекршување на оваа декларација, заради што се подметнува прашањето уште колку време и аргументи и требаат на ДУИ за да го разбере анти-албанскиот став на ВМРО?“, истакнуваат од БЕСА и додаваат дека без принципиелниот став на БЕСА против Груевски сигурно немаше да се случи претседателот на ВМРО-ДМПНЕ, како никогаш порано, да не успее да формира влада.
Од таму сметаат дека недостатокот на одлука од страна на „интегративците“ зборува и за недостатокот на политички капацитет на овој субјект за да донесе било какви одлуки, оваа како резултат на моралната и политичката криза на оваа партија.







