Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бета: Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет засега нема ништо за разговорите Скопје-Софија
СВЕТ

Бета: Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет засега нема ништо за разговорите Скопје-Софија

јуни 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во нацрт-заклучоците, што би требало да ги усвои Европскиот совет на Самитот закажан за 23 и 24 јуни, во кој имале увид агенцијата Бета и Еуроактив.рс, се наведува дека предложената Европска политичка заедница нема да ги замени постоечките политики на ЕУ, вклучително и проширувањето, туку ќе ги надополни, а земјите во процесот на европска интеграција од Западен Балкан се повикани да продолжат со реформите и ги решат отворените прашања.

Во нацртот, како што јави дописникот на МИА од Белград, засега не се наведува ништо за разговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Според нацрт-документот, Европскиот совет одржал „стратешка дискусија“ за односите меѓу ЕУ и нејзините партнери во Европа и го разгледал предлогот за покренување на Европска политичка заедница.

„Заедницата ќе им понуди на европските земји надвор од ЕУ координативна политичка платформа што би се однесувала на Западниот Балкан, придружните земји од Источното партнерство и други европски земји со кои ЕУ има блиски односи, се наведува во нацрт-документот.

Целта би била да се забрза политичкиот дијалог и соработката за прашања од заеднички интерес, за да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

„Таквата рамка нема да ги замени, туку ќе биде комплементарна на постојните политики и инструменти на ЕУ, особено на проширувањето и целосно ќе ја почитува автономијата на одлучување на ЕУ, се вели во нацрт-заклучоците.

Европската политичка заедница беше предложена и застапувана од францускиот претседател Емануел Макрон, според кого, таа го надополнува процесот на пристапување во ЕУ и не е негова алтернатива.

Во заклучоците за Западен Балкан се наведува дека ЕУ ја изразува својата целосна посветеност на недвосмислената перспектива за членство на регионот во Унијата и повикува на забрзување на процесот на негова европска интеграција.

„Европскиот совет ги повикува Комисијата, високиот претставник и Советот и понатаму да работат на унапредување на прогресивната интеграција меѓу ЕУ и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин и заснован на заслуги, се вели во документот.

Истовремено, Европскиот совет ја нагласува важноста на реформите, особено во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата, а се повикуваат партнерите од регионот да ги гарантираат и правата и еднаквоста на малцинствата.

Бета посочува и дека засега, во нацрт-документот не се споменува ништо за разговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Патот на Северна Македонија кон ЕУ е блокиран поради билатералниот спор со Бугарија, кој ја погодува и Албанија, чиј што пристапен процес е поврзан со напредокот на Скопје, наведува Бета.

Во нацрт-заклучоците се додава и дека Европскиот совет ја потврдува итноста за постигнување видлив напредок во решавањето на отворените билатерални и регионални спорови, вклучително и во дијалогот Белград-Приштина, со цел постигнување нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово.

Европскиот совет, исто така, го поздравува политичкиот договор на лидерите во БиХ, постигнат претходно овој месец во Брисел, како „потребен за стабилноста и функционирањето на земјата“.

 

МИА

актуелно европски Заклучоци Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.