– Бејзбол-играчот Џорџ Херман Бејб Рут почина пред повеќе од 70 години, но оваа американска национална икона и денес вреди милиони. Имено, палката што 1929 година ја имал при своето 500. трчање е продадена за над милион долари, објави аукциската куќа СЦП.
Палката Рут му ја подарил на пријател во 1940-тите. Продадена е за 1.000.800 долари, а името на купувачот не се соопштува.
– Предметите на Бејб Рут и натаму се меѓу најценетите спомени во колекционерскиот свет, рече директорот на СЦП, Дејвид Колер.
Бејб е, според многумина, најдобар бејзбол-играч во историјата и еден од најголемите спортисти што САД некогаш ги имале.
Во Бостон Ред сокс и Њујорк Јенкис одигра 22 сезони, а 1935 година се пензионира.






