Џес Бејли, Амбасадорот на САД во Македонија денеска изјави дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името, додавајќи дека тој не може да каже кое е тоа решение.
САД отсекогаш ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ, изјави Бејли. Добро е што Македонија има разговори со Грција и со другите земји во соседството.
Тој на новинарско прашање одговори на настанот „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“ организиран од неколку стопански комори, рече дека реформскиот процес, реформите во правосудството и во другите области се многу важни.
Треба да зборуваме со новата влада како и со членовите на целото општество и со опозицијата за чекорите што ќе ги преземеме, бидејќи овој процес го вклучува целото општество и целата држава и тоа е нешто за кое целата земја ќе треба да се обедини за да го постигне, изјави Бејли.







