Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда го предаде без борба полуфиналниот меч од Мастерс турнирот во Париз против Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Шаповалов така во финалето ќе игра против првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ кој претходно денеска со 7:6 и 6:4 го победи Григор Димитров.
Ѓоковиќ победи во сите три досегашни дуели против Шаповалов.
Финалниот меч Ѓоковиќ – Шаповалов е на програмата утре.







