Настојувајќи да го популариза учењето на англиски јазик на Американскиот институт во Загреб објави реклама на билборд која стана вистински хит на социјалните мрежи.
Во желба да ја истакнат важноста на учењето на англискиот јазик, Американскиот институт пронајде начин како својата идеја да ја презентира на најдобар можен начин.
На билбордот се најде првата дама на Америка, Меланија Трамп, а слоганот гласи: „Замисли колку далеку можеш да стигнеш со малку англиски“.
Фотографијата е објавена на официјалната Фејсбук страница на Американскиот институт и многу брзо го привлече вниманието на јавноста.
Коментарите се најчесто позитивни, а има и такви кои предупредуваат дека првата дама на САД заради ова може да ги тужи. Меѓутоа, во Институтот воопшто не се загрижени за тоа.








