– Американската тинејџерска попѕвезда Били Ајлиш ја објави насловната песна за најновиот „Џејмс Бонд“ филм, со истиот наслов – „No Time to Die“ (Не е време за умирање).
Четириминутната балада којашто говори за предавство и очај, е објавена точно на полноќ. Автори се Ајлиш и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел.
Ајлиш е најмладата музичарка во историјата што напишала песна за некој филм за „Џејмс Бонд“ серијалот. Пред неа, за насловните песни беа најмувани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.







