Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Билт: Франција ја турка ЕУ кон стратегиска катастрофа
Европа

Билт: Франција ја турка ЕУ кон стратегиска катастрофа

октомври 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Брегзит е стратешка катастрофа за Европската унија, но малкумина изгледа сфаќаат дека ЕУ се движи кон уште една стратешка катастрофа, овојпат на Балканот“, предупредува поранешниот шведски премиер Карл Билт.

Тој во својата колумна за американскиот весник „Вашингтон пост“ пишува дека со минатонеделното француско вето за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија наспроти повторената позитивна препорака на Европската комисија и волјата на другите земји-членки може да се урне повеќедеценискиот стратешки пристап на Европската унија кон Балканот“

Билт во колумната потсетува дека од завршувањето на балканските конфликти во деведестите, приоритет на ЕУ беше воспоставување долгорочна стабилност на овој проблематичен дел од континентот. Но, вели тој, да се ​​стави крај на војните е една работа, но да се изгради вистински мир бара долгорочен напор, особено околу мирната интеграција.

„Во 2003 година, на Самитот во Солун, европските лидери официјално се обврзаа да ја отворат ЕУ за членство на сите земји од Западен Балкан. Оттогаш, ова беше светилникот што ги инспирираше и ги водеше политиките на земјите во регионот, со цел да ги реформираат економиите и општествата, да се надминат поделбите од минатото и да се подготват за европската иднина. Тоа сигурно не беше лесно и напредокот е бавен во многу области. Но, во регион кој е распнат меѓу силите на распаѓање и на интеграција, рамнотежата очигледно се префрли од првото на второто, во голема мера благодарение на европската перспектива. Овој проект се става во опасност со одлуката на Франција за Северна Македонија. Никој не сметаше дека членството на Северна Македонијаво ЕУ ќе се одвиваше брзо. Прашањето беше за започнување на децениски процес на преговори и реформи инспирирани од таа перспектива. Впрочем, Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција со кој се реши долгогодишниот спор за името на земјата, требаше ‘де факто’ да биде предуслов за започнување на европскиот пат. Сега, Париз вели дека ова ќе мора да почека додека не се направат некои недифинирани реформи во ЕУ во наредните години, а можеби и децении“, пишува Билт.

Таквата француска позиција, според него, е лоша сама по себе, но последиците од одлуката одат многу подалеку. Укажува дека француското вето не беше вето само против Северна Македонија и Албанија, туку и против целиот процес на проширување на Западен Балкан, потопувајќи ја целата политика на проширување. Можеби не беше напишано експлицитно, но, имплицитно, тоа исто така значи вето и за Србија, Црна Гора и Босна и Хецеговина. Тоа, вели Билт, неминовно ќе има последици и на другите нерешени проблеми во регионот.

„Со можноста за евроинтеграција, Србија требаше да избере помеѓу својата иднина со Европа и минатото со Косово, а со тоа да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина. Ако Европа ја затвори вратата, ова станува неизмерно потешко. И со сите свои тензии, иднината на Босна секако ќе биде многу постабилна ако земјата беше вклучена во европските структури. Францускиот претседател Емануел Макрон зборува елоквентно за одговорноста на Европа и сака да се позиционира како фигура што ја започнува новата траекторија на ЕУ од глобално значење. Сето тоа е добро и добро – и итно е потребно – но тешко компатибилно со уривањето на кредибилитетот на ЕУ во самата Европа“, истанува Билт.

актуелно балкан Европа Карл Билт македонија Макрон Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.