Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бислимовски: Граѓаните погодени од корона кризата сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати без камата
Економија

Бислимовски: Граѓаните погодени од корона кризата сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати без камата

април 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Регулатотната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа, информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти.

Според Бислимовски, рано е да се каже дали цената на струјата ќе остане непроменета.

Во интервјуто посочува дека има значително подобрена ситуација во однос на плаќањето на сметките по добивањето на платата кај администрацијата и изрази очекување дека оние потрошувачи и домаќинства што не се погодени, односно немаат намалени приходи и во идниот период ќе продолжат да си ги покриваат своите режиски трошоци.

– Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира, вели Бислимовски .

Во однос на комуналните претпријатија, потенцира дека тие сами треба да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, но упатуваат апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

На прашањето дали цената на струјата ќе остане непроменета до крајот на годината тој одговара дека секоја година барањата од компаниите за цени ги добиваат од 15 мај доколку станува збор за снабдување и до 30 мај доколку станува збор за мрежните услуги, за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија.

– Во овој момент е прерано да зборуваме какви би биле цените. Факт е дека постоечкиот механизам којшто го има во Законот за енергетика за регулираниот пазар онаму каде што има регулирана цена, каде што определува Регулаторна комисија за енергетика функционира успешно, бидејќи ЕЛЕМ благодарејќи на драстично намалување на трошоците во рудниците за околу 30 – 40 милиони евра на годишно ниво споредено со претходниот период некаде од 2013/14 до 2016 и во основа на тоа и цената на ЕЛЕМ, односно на ЕСМ по ново која што им ја продава кон ЕВН home е намалена за 15-тина проценти. Така што имаме сигурна ценовна стабилност во овој момент за домаќинствата коишто се на регулираниот пазар на електрична енергија и сега ќе видиме какви ќе бидат приликите при поднесувањето на барањата за цени.

Притоа возможно е ние правиме и анализи, првите четири-пет месеци се целосно некарактеристични во однос на потрошувачка, во однос на трошоци, што ќе има сериозно влијание при носењето на нашите одлуки и во наредниот период ќе бидеме во комуникации со компаниите и доколку има потреба можно е периодот на поднесување на барањата за цени да го одложиме со цел да имаме репрезентативни податоци и во делот на потрошувачката на електрична енергија, појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

актуелно бислимовски парно сметки струја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.