Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи – Брнз: САД се стратешки партнер на Северна Македонија, ќе продолжи соработката на политиките кои ќе донесат развој и подобар живот за граѓаните
Македонија

Битиќи – Брнз: САД се стратешки партнер на Северна Македонија, ќе продолжи соработката на политиките кои ќе донесат развој и подобар живот за граѓаните

септември 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мaри Брнз, која беше придружувана од ракводителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Како што соопшти владината Прес-служба, амбасадорката Брнз ги поздрави демократско спроведените избори и формирањето на Владата, а воедно упати и честитки до вицепремиерот Битиќи за назначувањето на новата функција.

Битиќи, од своја страна, се заблагодарил за континуираната поддршка од страна на УСАИД, која реализира проекти за поддршка на нашето општество уште од 1993 година, пришто додал дека помошта од УСАИД е добродојдена за реализација на предвидените приоритетни политики кои ќе значат побрз и одржлив економски раст и развој, нула толеранција за корупцијата, како и еднакви права и можности за сите.

Во разговор за приоритетите и фокусот на работа во овој мандат вицепремиерот зборуваше за Платформата за економски развој, во која ќе учествуваат сите чинители во економскиот живот, како една од алатките која ќе користи за проширување на соработката, отворање на дијалогот и зголемување на довербата помеѓу државата, бизнисот и граѓаните од една страна а ќе служи и како платформа за борба со сивата економија, непотребната бирократија и корупцијата на сите нивоа во државата.

Дополнително, тој посочи дека заедно со вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, се започнува со креирање на системски решенија за надминување на овие девијантни појави, кои во голема мера го еродираат системот и спречуваат поголем стапки на раст, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Брнз и претставникот на УСАИД Јановски изразиле подготвеност да се подржат клучните реформи кои ќе ги спроведува Владата, потенцирајќи дека сега, како членка на НАТО, соработката помеѓу двете земји дополнително ќе се зајакне.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Брнз се согласиле со заеднички ангажман и понатамошна комуникација, да работат посветено на унапредување на меѓусебната економска соработка која ќе оди рака под рака со преговорите за членство со Европската Унија, но пред се за подобар живот на сите граѓани на Република Северна Македонија.

актуелно битиќи Брнз партнер САД северна македонија стратешки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.