Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи: Владата со директни средства ги поддржува домашните и странските компании
Економија

Битиќи: Владата со директни средства ги поддржува домашните и странските компании

февруари 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Владата ги поддржува домашните и странските компании, особено во производството и модернизацијата на производствениот процес. Само лани имаше рекордни 654 милиона евра во директна поддршка на компаниите, од кои 25,6 милиона евра за странските компании кои работат во технолошко-развојните зони“, изјави заменик претседателот на владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски ја посети компанијата „Гентерм“ во развојната зона кај Алинци, Прилеп и се сретна со менаџментот на „Гентерм.

„Владата како никогаш до сега, води грижа за постоечките инвеститори, работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании, но и стимулирање на вложувања од страна на домашните компании, се во интерес на побрз и одржлив економски раст, но и подобар живот на граѓаните. Кога станува збор за мерките за поддршка, би сакал да потсетам дека лани обезбедивме рекордна директна поддршка во висина од околу 65 милиони евра, на компаниите кои се во производството и инвестираат во модернизација, технолошки развој, дигитализација и развој на
човечкиот потенцијал. Од тие средства 25,6 милиони евра беа одвоени за странски компаниите кои работат во ТИР зоните, или надвор од нив, помеѓу кои е и Гентерм. Со ова покажуваме дека имаме исклучителна посветеност кон преземените обврски од Владата во однос на исплатата на финансиски средства кон компаниите“, истакна Битиќи.

Тој ја пофали компанијата „Гентерм“, која далеку пред предвидениот рок во договорот успеала да ги реализира предвидените обврски од своја страна во однос на инвестициски циклус и достигнување на бројот на вработени, а од страна на Владата, некој начин, била наградена со предвремена исплата на субвенции за реализацијата на договорните обврски.

Битиќи додаде дека Владата ќе продолжи со креирање комплементарни политики со кои ќе се поттикнува бизнис секторот.

„Тоа подразбира директни финансиски субвенции преку мерките од Законот за финансиска поддршка, кој оваа година ќе биде изменет и ќе бидат олеснети условите за аплицирање, мерките на Фондот за иновации и технолошки развој, мерките од Агенција за вработување за дообука и преквалификација на работната сила, а тука се и многуте инфраструктурни проекти, како и измени во закони за царински и даночни олеснувања, што претставува еден сериозен комплекс на мерки со кои нашата економија ќе добие на многу поголема конкурентност“, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, рече дека се промовира еден нов, подинамичен, понепосреден контакт и комуникација со инвеститорите.

„Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите ќе продолжи и понатаму. Новиот квалитет го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во смисла на обем на инвестиција и во смисла на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на
зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана зад тоа и исто така пред време, значи четири години пред истекот
на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме порака, јасно, до инвеститорите дека да, сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично“, смета Деспотовски.

Директорот на Гентерм, Андриј Хафинетс вели дека мисијата на компанијата е создавање и испорака на уникатни термални решенија кои ќе направат значителна разлика во секојдневниот живот, по пат на подобрување на здравјето, удобноста, комфорот и енергетската ефикасност.

„Нашата компанија произведува продукти главно за автомобилската индустрија, вклучувајќи напредни технологии за грејачи за седишта и волани, вентилатори, создаваме и технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност за хибридните автомобили, вклучувајќи системи за управување на светлосната енергија кои се клучните двигатели на успехот на Гентерм. Го цениме секое признание што го добиваме за нашите фер деловни односи со Владата и државните заложби со кои
обезбедуваме добра деловна клима во регионот. Ги зголемуваме нашите производствени количини од година во година, а се зголемува и бројот на вработени. Во моментов компанијата брои над 2.000 вработени. Се надеваме дека бизнис климата ќе остане поволна“, рече Хафинетс.

актуелно битиќи влада компании
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.