Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување
Економија

Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување

септември 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не треба да има двоумење дека Владата ќе го најде најдоброто можно решение, а и премиерот имаше јасен став за етничкото вработување дека остануваме отворени кон секое едно прашање, секое прашање заслужува одговор, но заедничко решение
ќе најдеме на масата во Владата“, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Да почекаме на исходот и да вимиме што се идеите на сите страни и на крај да ги прашаме стопанските комори, синдикатите и самите граѓани што мислат околку тоа прашање и да видиме кое е решението. Затоа мислам дека не би требало воопшто да има двоумење дека Владата ќе го најде најдоброто можно решение за граѓаните без разлика каде и какви се. За нас сите граѓани се еднакви и како такви заслужуваат да добијат одговор за било кое прашање или проблем за кој сметаат дека придонесува за да имаат подобар квалитет на живот“, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК Македонија“.

Тој побара простор од медиумите за да се реши прашањето.

Прашан дали Буџетот може да издржи доколку се спроведе мерката, рече дека тоа е хипотетички и оти е исто како да го прашаат дали може да се реализираат капитални инвестиции од една милијарда доколку се предвидат.

„Буџетот ќе издржи онолку колку што сите заедно ќе се залагаме да го полниме. Рековме дека ќе нема отстапки кон сивата економија, кон неформалниот сектор и сите однесувања кои не прилегаат на една земја која аспирира да биде членка на ЕУ. Ако сите заедно се бориме против тие негативни феномени мислам дека Буџетот ќе издржи за билошто што ќе сметаме дека е адекватен одговор на барањата и очекувањата на
граѓаните, Во овој момент е само хипотетички да кажам дали ќе издржи или нема да издржи затоа што немаме ништо конкретно на маса“, потенцира Битиќи.

Појасни дека министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација веќе креираат план за прераспоредување на 1.300 вработени од јавниот сектор

„После само 22 дена од формирање на Владата кој е епилогот со 1.300-те вработени кои треба да завршат некаде каде што треба да завршат е прерано. Рековме дека во однос на сите прашања соодветно во даден временски период ќе се изјасниме“, рече Битиќи и порача дека еднаш за секогаш треба да се разјасни што е државна управа, а што јавен сектор.

Кога зборуваме за намалување на бројот на вработени во јавната администрација, нагласи, мислиме на целосниот јавен сектор, а не на државната управа.

„Ако се види функционалната анализа на секоја институција посебно, особено по министерствата ќе се согледа дека дури недостасуваат луѓе кои се планирани по систематизација. Сепак остануваме на ставот дека јавната администрација ќе биде намалена за 20 отсто“, посочи Битиќи.

актуелно битиќи влада етничко вработување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.