Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВЛАДИНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ: 289 фирми добија 366 милиони евра за развој
Економија

ВЛАДИНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ: 289 фирми добија 366 милиони евра за развој

август 8, 2023Updated:август 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Спроведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите е трансформативна сила која отвори нови хоризонти за одржлив раст и развој на нашата економија, преку партнерски и инклузивен пристап на економските политики на Владата.

Владата, преку своите политики постојано ја подига довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики која од година во година се зголемува, со што расте и бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите кои се осмелуваат да влезат во нови инвестициски циклуси.

За оваа 2023 година пристигнаа рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, додека одобрени, или потпишани се нови 289 договори, со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4.439 работни места.

Поддржаните компании од новиот циклус се од прехранбено преработувачка индустрија, вкупно 63 компании, од метало-преработувачка индустрија – 73 компании, ИКТ индустрија – 21 компании, Дрвната индустрија и производство на мебел вкупно 87 компании, фармацевтската индустрија – 20 компании и, текстилно-кожарска преработувачка индустрија вкупно 25 компании кои според проекциите ќе отворат нови 4.439 работни места.

Со ова, портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестициите се зголемува на вкупно 919 договори, од кои 204 се завршени, и ова зборува дека Владата на Македонија преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите.

Една од целите на ЗФПИ е и поттикнувањето на рамномерниот регионален развој, за што поголем процент на поддршка да добиваат компаниите кои имаат инвестирано во помалку развиените плански региони. И оваа година компаниите со кои се потпишани договорите за финансиска поддршка се низ целата држава, во сите плански региони: Вардарски регион, 17 компании (6%), Пелагониски регион, 32 компании (11%), Источен регион, 42 компании (15%), Полошки регион, 40 компании (14%), Југоисточен регион, 44 компании (15%), Североисточен регион, 8 компании (3%), Југозападен регион, 18 компании (6%) и Скопски регион, 88 компании (30%).

Вицепремиерот Битиќи порачува дека Владата ќе продолжи и во иднина да ги помага компаниите кои имаат значителен импакт на локалниот економски развој, и кои инвестираат во подобрување на нивната конкурентност, нивните продукти и воведуваат нови производствени линии, создавајќи солидно платени работни места и производи со повисока додадена вредност.

актуелно битиќи инвестиции развој финансиска подршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.