Пратеникот на Социјалдемократскиот сојуз, Стефан Богоев, е кандидат за градоначалник во Карпош. Тој ќе му се спротистави на Стевчо Јакимовски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Златко Марин, пак, во Аеродром, ќе бие битка најверојатно со Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.
Кај социјалдемократите веќе извесно е дека Александар Наумовски ќе се трка во Ѓорче Петров, Далибор Богдановки во Сопиште, Мелекие Халими во Арачиново, а Борче Георгиевски во Гази Баба.
Сигурни се и Аце Коцевски во Велес, Коста Јаневски во Струмица и Благој Бочварски во Штип.
Останува непознаница за тоа кои се кандидатите од СДСМ за Центар и Градот Скопје.







