Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Богоески: Инаетот на Груевски е поважен од партискиот интерес, без него можеме повеќе
Во Фокусот

Богоески: Инаетот на Груевски е поважен од партискиот интерес, без него можеме повеќе

октомври 8, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Последните акции на Никола Груевски потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ. Тој ги штити интересите само на десетина лица. Македонија нема потреба од неговиот псевдопатриотизам, наведува во интервју за бугарската агенција БГНЕС Петар Богоески, член на ВМРО-ДПМНЕ, еден од оние кои се залагаат за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ако во најскоро време не се случат реформи во партијата, можне е да дојде до нејзино целосно уништување.

Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ се залага за промена на статутот на партијата, членството да има одлучувачка улога при изборот на партиските органи и носењето решенија. Како што посочува Богоески, иницијативата е внатрепартиска и искрено вмро-вска и таа не е предизвикана од надворешни или странски партнери.

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, вели тој, отвора големи перспективи.

Според Богоески, мора јасно да се разграничи разликата меѓу ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

„Ако кариерата на еден политичар е загрозена, тоа не значи дека е загрозена иднината на државата. Не треба да бидеме заложници на неодговорни политики кои ни ги претставуваат личните интереси како национални“, напоменува Богоески.

Прашан за неговите очекувања за исходот на престојните локални избори во македонија Богоески вели:

„Без Никола Груевски би постигнале многу подобар резултат. За жал, инаетот на Груевски е поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство. Затоа, неизвесна е нашата победа во многу општини“.

А, пак, за „Новата ера’ што ја најавува Груевски, Богоески е дециден:

„,Новата ера’ на Никола Груевски се споредува со онаа на Милошевиќ. Во ниту еден случај не можеме да зборуваме за некаква ,нова ера’ на Груевски. Што значи тоа, дека сега ќе имаме некаков ,нов Груевски’? Тоа е неразбирливо, такво нешто не се сретнува дури и во политичката литература“.

За Богоески погрешен е ставот на меѓународната заедница за тоа дека сите во ВМРО-ДПМНЕ биле следбеници на Никола Груевски.

„Ние сме следбеници на вредностите на ВМРО-ДПМНЕ, а не на Никола Груевски. Тој е само еден партиски лидер во заминување“, нагласува Богоески.

актуелно БГНЕС вмро-дпмне Никола груевски Петар Богоески реформи Слободан Милошевиќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.