Хрватскиот културен центар и Македонско-хрватското друштво „Марко Марулиќ“, во соработка со Центарот на култура, во Битола го одржаа традиционалниот Божикен и
новогодишен концерт.
Оваа година беше промовирана далматинската песна за што во Битола поканети беа и учествуваа женска клапа „Тамарин“ од Враниц, кај Солин и машкиот вокален состав „Делмати“, исто така од Солин, истакна Бранко Маретиќ, претседател на МХД „Марко Марулиќ“-Битола.
„Културата е поле на кое луѓето најлесно се зближуваат, а притоа ја запознаваат традицијата и културата на двете држави, посочи тој.
Основната карактеристика на далматинската клапа е тоа што е произлезена од народот, претежно тоа се песни кои ја опеваат љубовта кон татковината, рече Росита Мартиќ, раководител на женската клапа „Тамарин“.