Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон доби понуда за пет месеци да заработи 2,5 милиони долари и да ја заврши кариерата во Бока Јуниорс, пишува аргентинскиот весник Оле.
Познатиот клуб од Буенос Ајрес е подготвен е да го направи Буфон најплатен фудбалер во Аргентина, дури повеќе и од првата ѕвезда во екипата, Карлос Тевез.
Четириесетгодишниот чувар на мрежата, кој во Јувентус е од 2001 година, би можел да ја продужи кариерата иако најави дека ќе ја заврши на крајот на сезоната по истекувањето на договорот со шампионот на Италија.
Конечната одлука за евентуалниот премин на познатата „Бонбониера“ ќе биде донесена на 17 мај.
Освојувачот на Светското првенство со репрезентацијата на Италија со евентуален премин во Бока би настапил за третиот клуб во 23-годишната кариера, почна во Парма и продолжи во Јувентус.