Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Боки 13 во „Рекет“: Се чувствувам како политички затвореник
Судски процеси

Боки 13 во „Рекет“: Се чувствувам како политички затвореник

јануари 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судско рочиште изјави дека се чувствува како политички затвореник и дека вистината за случајот ќе се дознае само ако има правичен процес.

Доколку Судот носи одлуки под притисок, како што истакна тој, не исклучува да штрајкува со глад.

„Го молам Судот да носи одлуки без странични закани и притисоци.

Денеска испратив писма до амбасадорите на САД, ЕУ и Франција, Брнс, Жбогар и Тимоние, како и до Хелсиншки комитет и побарав посета од нив во затворот, рече Јовановски пред судиите.

Тој се пожали на здравствената состојба и нееднаквата положба пред Уставот и законите. До овој момент, како што кажа, нема забелешка на Судечкиот совет иако, како што додаде, се чувствува како лице на кое се тренира правда.

По ова Јовановски доби препорака од судијата Васка Николовска – Масевска да се пожали до институциите. Таа му рече дека ги уважуваат медицинските белешки во кои се вели дека има здравствени проблеми, но не толку големи.

На денешното рочиште сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска, која рече дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Во СЈО, како што кажа Јосифовска, била изработена процедура во која вработените ги доставуваат сите документи до кабинетот на Јанева и откако од службите ќе ги добиле назад значело дека Јанева ги одобрила, а таа и обвинителката Ленче Ристовска ги потпишувале кога Јанева била отсутна.

На 2 мај, како што додаде, токму затоа го потпишала мислењето со кое се уважува барањето на одбраната да се даде согласност за издавање времена патна исправа за обвинетиот Камчев.

„Документот не дојде на вообичаениот начин преку шефот на кабинетот на Јанева, туку ми го донесе стручен соработник кој работеше во тимот на обвинителката Лиле Стефанова. Бидејќи не дојде од шефот на Кабинетот, Сања Димоска ми рече дека била повикана и и рекле да го изготви јавното мислење и да ми го достави, рече Јосифовска.

Таа веднаш ја контактирала Стефанова по телефон, која и рекла дека не е запознаена, по што ја контактирала телефонски и Димоска. Димоска пак и одговорила дека и го доставиле предметот заради итност по налог на Јанева. Иако Стефанова била против, посочи, немала избор и морала да го потпише мислењето.

Во документот не смееле да менуваат ништо што е суштинско, туку само да исправаат технички грешки што и го направила.

Како образложение за барањето за патната исправ стоело дека Камчев треба да оди во Аџибадем во Турција и на некоја обука.

Досега освен Јордан Камчев во судот за „Рекет“ сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, бизнисмени, поранешен новинар во 1ТВ, како и куќната помошничка на првообвинетиот, Бојан Јовановски – Боки 13.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 20 јануари.

 

ИЗВОР: МИА

рекет судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Продолжува судењето за „Пулс“: Градежниот инспектор Георгиев побара обвинителот да го повлече обвинението

декември 10, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември

ноември 12, 2025

На 19 ноември ќе стартува судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“

октомври 16, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.