Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Боларис оптимист дека следната година учебниците нема да содржат ревизионизам и иредентизам
Македонија

Боларис оптимист дека следната година учебниците нема да содржат ревизионизам и иредентизам

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Оптимисти сме дека може да се спроведе обврската од Договорот од Преспа, дека следната година учебниците нема да содржат иредентизам и ревизионизам, вели заменикот министер за надворешни работи на Грција Маркос Боларис, кој воедно ја предводи грчката страна во заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Северна Македонија и Грција, во интервјуто за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција.

Боларис објаснува дека можеби спроведувањето нема да биде 100 отсто поради кусото време, но сепак додава дека во новата учебна година, учебниците ќе бидат согласно предусловите на Европската унија за земјите членки.

За последниот состанок одржан пред неколку дена во Скопје, Боларис вели дека разговорите биле добронамерни и дека постојат луѓе кои треба да се надминат себеси бидејќи во изминатите години имало „антинаучна, антиакадемска, антиисториска пропаганда, за да се создаде идеологија“.

„Но, кога некој има квалитет за да каже дека ова не е точно, не се потпира на факти, не е документирано во историски извори, може да оди се напред.Од голема важност е тоа што и според Договорот од Преспа, разговорите врз кои се темелат односите и соработката на двете земји и пријателството на двата народи е се водат врз основа на објективни и меѓународно прифатени факти и извори. Ова е оружјето со кое се водат разговорите и затоа можеме да имаме резултат, вели заменик шефот на грчката дипломатија.

Боларис објаснува дека со оглед на тоа дека Грција околу 40 години е членка на Европската унија, грчките учебници, многу пати поминале низ сито и решето „за да не постојат иредентистички наводи во било правец“.

„Така што многу е тешко да се најдат, јас велам дека не постојат, иредентистички или ревизионистички наводи во нашите учебници. Но, сме отворени ако сакаат да ни дадат некоја забелешка, тука сме да разговараме за тоа, но ќе разговараме врз основа на академската, научната, историската вистина, како што е меѓународно прифатена од меѓународната академска заедница, тоа е нашиот договор, вели Боларис во интервјуто.

Копретседавачот со македонскиот дел од комитетот амбасадорот Виктор Габер, пак, вчера изјави дека на дводневната втора средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција што се одржа во Скопје минатиот викенд, се приближени ставовите во однос на концептите на двете страни, а утврдена е и динамиката на наредните средби.

Биле разгледани учебниците по историја и географија за основно и средно образование. Се очекува на наредните средби да стане збор за конкретни формулации во учебниците и тие да бидат адаптирани согласно Преспанскиот договор, а врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

Следната средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет е закажана за 12 и 13 април во Атина.

актуелно боларис иредентизам оптимист
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.