Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БОРБА ЗА МИЛИЈАРДИ: Не е само Орбан кочничар на реформите во ЕУ
Финансии

БОРБА ЗА МИЛИЈАРДИ: Не е само Орбан кочничар на реформите во ЕУ

декември 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од почетокот на 2020 година до денес членките на Европската унија непречено трошеа за да можат нивните економии и граѓани да ги преживеат пандемијата на корона вирусот, војната во Украина и растот на цените на енергенсите.

Побогатите земји од северот на Стариот континент неволно пред три години се согласија да дадат допринос во фондот за закрепнување на Унијата, кој тежеше 806 милијарди долари, а кој главно беше потрошен за спас на јужните и источните членки на ЕУ.

Меѓутоа, високите каматни стапки ги нарушија тие планови, пишува „Економист“.

На самитот одржан на 14 и 15 декември, 26 од 27-те членки на ЕУ постигнаа договор за тоа како да се пополни буџетот на Унијата за да и се помогне на Украина да се одбрани од Русија, со повисоки камати на долгот на ЕУ и дополнителна помош за земјите во кои доаѓа мнозинство од мигранти од посиромашните земји во светот.

Компромисот не беше толку лесно постигнат како што сакаше Европската комисија. Против него беше само унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Неодамна тој даде премолчено одобрение за отворање на преговорите за членство во Унијата со Украина, но дури откако Брисел му испрати 10 милијарди евра, кои претходно не сакаше да му ги даде бидејќи тој и неговите јатаци во Унгарија го кршат владеењето на правото.

Ако ЕУ сака Орбан да го одобри споменатиот поголем фискален пакет, веројатно ќе мора да му го даде и остатокот од парите. Станува збор за околу 20 милијарди евра.

Но, неговиот маневарски простор не е неограничен.

Лидерите на ЕУ велат дека неговото вето може да се заобиколи со помош на Европскиот стабилизациски механизам, фонд за обезбедување финансиска стабилност во еврозоната, кој има прилично голем капацитет. Доколку Унијата на почетокот на 2024 година кон него се постави силно и одлучно, тој би можел да се откаже од својата уцена.

Во исто време, министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ се обидуваат да расплеткаат едно друго финансиско клопче.

Застарените и строги правила на Унијата за долг и дефицит едвај функционираа пред пандемијата. Беа прекомплексни, презадолжените земји со нив многу се мачеа, а поради сталните буџетски кратења не дозволуваа свртување кон зелени инвестиции.

Кога пандемијата ја погоди Унијата, тие беа привремено суспендирани за земјите да можат слободно да трошат.Оттогаш ЕУ не им се врати. Но, бидејќи ќе им се врати на почетокот на 2024 година, требаше да се унапредат.

Европската комисија предложи промени кои би и дале поголема моќ и кои не би робувале на бројки.

Членките ќе се согласат со плановите кои се фокусирани на намалување на долговите и ќе иницираат реформи што ќе им овозможат да растат.

Меѓутоа, Германија сакаше да ги принуди другите членки своите долгови и дефицити секоја година да ги намалуваат за одредени минимални износи.

Се очекуваше дека Франција ќе се согласи со предлогот, но под услов промените целосно да стапат на сила дури по завршувањето на мандатот на претседателот Емануел Макрон.

Премногу ригидните правила навистина можат да бидат проблем, што се гледа на примерот на Германија. Нејзиниот Уставен суд во ноември ги запре обидите да се прибегне кон креативни решенија за заобиколување на уставните одредби за дефицитот. Во меѓувреме, владата предложи серија буџетски кратења и зголемување на даноците за да се закрпат дупките во буџетот. Сето ова се случува во време кога германската економија стагнира и плаче за инвестиции.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Атила Кисбенедек – АФП)

актуелно буџет Виктор Орбан германија Европа реформи Украина Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.