Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, денеска оствaриле телефонски разговор за актуелните настани во земјата и регионот, соопштуваат од владата.
„Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа на сопствената политичка волја да го реализираат правото на учество на изборите и да го дадат својот глас за политичката опција според нивниот избор.
„Република Бугарија, му пренесе премиерот Борисов на претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, останува и понатаму доследна на поддршката за политиките на новата Влада на Република Македонија, посака успех за Република Македонија во иницијативите во регионот, и изрази надеж и очекување за скоро членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
АКТУЕЛНО
- УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
- На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
- Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
- Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
- Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
- ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
- СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
- ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан







