– Бојан Јовановски – Боки 13 кој е првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска околу пладне со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје беше донесен во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да изврши увид во доказите против него.
Јовановски во понеделникот беше на распит во обвинителството, но побара да направи увид во доказите, а потоа да го искористи правото да даде исказ.
Законското право прво да напрви увид во доказите пред да даде исказ, вчера го искористи и третосоомничената во „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Таа увид во доказите што ги има обвинителството против неа треба да направи утре.
Јовановски и Јанева во меѓувреме остануваат во притвор во КПУ – Затвор Скопје.
Второосомничениот Зоран Милески-Кичеец, пак, со одлука на судот од вчера е префрлен во домашен притвор.