Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бразилскиот Врховен суд одлучи – Ќе се игра Купот на Америка
Фудбал

Бразилскиот Врховен суд одлучи – Ќе се игра Купот на Америка

јуни 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Врховниот суд на Бразил даде зелено светло за почеток на фудбалскиот куп на Америка, и покрај алармантните бројки од ковид-19 во таа земја.

Повеќето судии ги одбија жалбите на две левичарски партии и синдикати кои бараа откажување на турнирот, така што Купот на Америка ќе почне во недела со натпреварот меѓу Бразил и Венецуела во Бразилија.

Купот на Америка првобитно требаше да се одржи во Аргентина и Колумбија, но тие две земји се откажаа од тоа.

Колумбија како домаќин на турнирот отпадна на 20 мај заради бранот протести против претседателот Иван Дуке, а додека Аргентина се откажа заради состојбата со корона вирусот.

„Конмебол“ потоа, на изненадување на многумина, за домаќин го избра Бразил каде што здравствената состојба е посериозна од онаа во Аргентина.

Заради тоа три жалби беа поднесени до Врховниот суд, но судиите сметаа дека не е на нив да го откажат Купот на Америка, дека немаат таква надлежност.

Според мислењето на судијата Кармен Лусија, само државните власти можат да дозволат или забранат одржување на турнирот.

Таа наведе дека сега им останува на гувернерите на државите и на градоначалниците да спроведат протоколи за да се одбегне поголемо ширење на вирусот.

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес, минатата недела најави дека нема да се срами да ги забрани натпреварите во тој град ако здравствената состојба се влоши.

Судијата Рикардо Левандовски ја повика владата на претседателот Жаиро Болсонар да претстави детален план на превентивни мерки пред почетокот на турнирот.

Иако и тој сметаше дека не е во надлежност на Врховниот суд да ги откаже натпреварувањата, го критикуваше фактот дека владата се согласила да ги организира во краток роккрај сериозноста на здравствената состојба.

Одлуката Купот на Америка да се игра во Бразил предизвика негодувања во земјата во која и понатаму се бележат околу 2.000 смртни случаи од корона вирус на дневно ниво.

Протестот против Купот на Америка закажан е за во недела во Бразил, неколку часови пред воведниот натпревар.

Во вторникот и играчите на бразилската репрезентација го изразиле своето незадоволство, но ја исклучиле можноста од бојкот.

„Ние сме против организацијата на Купот на Америка, но никогаш нема да и кажеме ‘не’ на репрезентацијата“, напишаа тие на социјалните мрежи.

(Фото: ЕПА/ЕФЕ)

актуелно Аргентина Бразил вирус Ковид-19 Колумбија корона Куп Америка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.