Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БРАН НА НЕОНАЦИЗАМ: Страшни злосторства пламнаа во Бразил, властите очајни
СВЕТ

БРАН НА НЕОНАЦИЗАМ: Страшни злосторства пламнаа во Бразил, властите очајни

ноември 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бразил е познат по фудбалот и самбата, но се чини сè повеќе и по неонацистите и расно мотивираните злосторства.

Во февруари, 17-годишно момче со кукаст крст на раката е обвинето дека фрлил две рачно изработени експлозивни направи во училиште. Потоа, во март, 13-годишно момче, кое носело маска со насликан череп, каква што обично имаат американските неонацисти, избоде наставник до смрт, а минатиот месец 16-годишник е пукаше во училиште и притоа уби соученик и рани уште двајца. Тинејџерот претходно објави фотографија од кукаст крст нацртан на неговото лице, објавија бразилските власти, додавајќи дека оваа година спречиле стотици слични неонацистички напади.

Заради тоа, во април, новиот бразилски министер за правда, Флавио Дино, и нареди на федералната полиција да го истражи, она што тој го нарече, зголемувањето на „говорот на омраза и нетолеранцијата од неонацистичките, неофашистичките и екстремистичките групи“.

Многу истраги се концентрирани во јужен Бразил, каде што 73 отсто од населението се изјаснуваат како белци, во споредба со 43 отсто на национално ниво.

За ставовите на тамошните граѓани зборува податокот според кој во овој регион 62 отсто од гласачите на последните претседателски избори гласале за екстремно десничарот Жаир Болсонаро, наспроти 49 отсто на национално ниво.

Некои тоа го поврзуваат со историјата. Пред Втората светска војна, од 1928 до 1938 година, Бразил ја имаше најголемата нацистичка партија надвор од Германија, со 2.900 членови во 17 сојузни држави. После војната, Бразил, како и другите јужноамерикански нации, стана засолниште за нацистите кои бегаат од кривичен прогон, потсетува „Њујорк Тајмс“.

Во такви околности, оваа година бразилската сојузна полиција отвори 21 истрага која вклучува неонацисти, што е исто како и во трите претходни години заедно. Некои истражители го поврзуваат зголемувањето на неонацистичката активност во Бразил со четирите години на Жаир Болсонаро како претседател. Безмалку исто како што американските екстремистички групи се засилија за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, бразилската крајна десница се „закачи“ на запаливата реторика на Болсонаро.

На пример, после државната посета на Израел во 2019 година, Болсонаро изјави дека нацистите се левичари и дека „можеме да простиме, но не и да заборавиме“ на холокаустот, што предизвика критики од израелскиот претседател.

Во 2020 година, тогашниот министер за култура на Болсонаро беше принуден да поднесе оставка после говорот кој беше толку сличен на оној на Џозеф Гебелс, главниот пропагандист на Нацистичката партија, дури се чинеше и дека некои делови се копирани.

А, на прес-конференција во 2021 година, еден од помошниците на поранешниот претседател со рака направи гестикулација „ОК“ пред камерите, што означува „бела моќ“ во белите супремацистички кругови. Дури беше обвинет и за злосторство од омраза, но случајот подоцна беше отфрлен.

Додека администрацијата на Болсонаро избегнуваше да ги истражува неонацистичките групи, ова прашање стана приоритет за левичарскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој минатата година го победи Болсонаро.Рации на неонацистички групи оваа година се случија во најмалку десет држави, а во јули бразилската полиција спроведе операција во четири држави против 15 лица поврзани со неонацистичката група под називот „Нови СС од Санта Катарина“ (New SS of Santa Catarina), која користела 3Д принтери за производство на пиштоли.

Во една рација, полицијата беше дочекана со истрели од огнено оружје додека влегувале во селска куќа во Нова Петрополис, живописен планински мал град во кој живеат 20.000 жители, од кои многумина се потомци на германски имигранти. Лицето кое пукало во полицајците била жена со мало дете и доенче. Никој не е повреден, а полицијата соопшти дека во нејзиниот дом пронашла два пиштола, 96 парчиња муниција и купишта нацистички материјали, вклучувајќи ленти со кукасти крстови за на рака, германски сувенири од Втората светска војна, знаме на меѓународна неонацистичка група и репроматеријали за производство на стоки за локална неонацистичка група. За судот тоа не биле доволни докази, па жената набрзо била пуштена на слобода.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Скот Олсон/Гети имиџис-АФП)

актуелно Бразил крст нацизам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.