Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ
Македонија

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

февруари 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Претседателот на Европски совет Шарл Мишел вечерва организира неформална вечера за лидерите од Европската Унија и од Западен Балкан. Според него состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.

– Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството на ЕУ и Западен Балкан. Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областите – владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал, истакна Мишел.

На вечерата присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ.

Пред почетокот на вечерата Борел изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе се разговараа за Европскиот совет да ја отвори вратата за европската перспектива на регионот.

Додека Фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија и оти се надева дека Северна Македонија и Албанија можно е да почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб.

– Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло, посочи фон дер Лајен.

Претходно, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред и оти е најважно да се дојде до договор за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, но оти и другите теми се добредојдени.

– Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај. Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот, посочи Пленковиќ.

Додека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров пред вечерата алудираше на слетувањето во главниот град на Белгија и нашите обиди за почеток на преговори со Унијата.

– Кружевме три пати пред да слетаме. Затоа можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори. Имавме три Европски совети на коишто не можевме да слетаме. Се надевам ќе успееме во четвртиот обид. Јас морам да ја претставувам Северна Македонија наместо претседателот или премиерот, истакна Димитров.

Тој посочи дека денешното донесување на Законот за Јавно обвинителство е одлична вест.

– Успеавме да го донесеме и последниот закон кој ги отстранува сите сомнежи поврзани со нашиот случај. Тоа е Законот за Јавно обвинителство што беше усвоен со двотретинско мнозинство. Ова е добар ден за земјата, за правната држава и за граѓаните како и за европската иднина на Северна Македонија, потенцира Димитров.

актуелно Брисел
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.