Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис
Македонија

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

ноември 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На барање на МИА за реакција по средбата на премиерите на „Севена“ Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, Европската Комисија останува на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата.

– Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми, рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро.

На 17 ноември треба да се одржи Советот на министри на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и на кој треба да се донесе одлука за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со Македонија, но Бугарија за сега не отстапува и смета дека не може да даде зелено светло додека не се изнајде компромис околу прашањата за јазикот, краткото име и историските теми.

– Продолжуваме да се надеваме дека може да се постигне договор за преговарачката рамка наскоро со цел да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо, вели Писонеро за МИА.

Во Европската Комисија не е сменет вокабуларот, велат оттаму, секогаш велеле „што е можно побрзо“, никогаш не лицитирале со датуми.

Само германското претседателство и самиот европски комесар за проширување јавно изјавуваат од старт дека се надеваат на прва меѓувладина до крајот на оваа година, односно во рамките на претседавањето на Германија со ЕУ.

Со оглед на тоа, велат од ЕК, употребата на фразата „што е можно побрзо“ не претставува ниту ретерирање, ниту некаква промена во амбициите на Комисијата во однос на Македонија.

– Ги поздравуваме напорите на германското претседателство за олеснување на разговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија со цел постигнување на договор во Советот за преговарачката рамка, е официјалниот став на Европската Комисија, која и натаму останува во контакт со сите страни за да го помогне процесот.

Во Брисел не се добива впечаток дека Македонија постапува неконструктивно во овој процес, велат дипломатските извори кои ги консултираше МИА и се гледа позитивно на физичката посета на премиерот Заев на Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Се остава сега на сите страни да продолжат со контактите и обидите за постигнување компромис, и, иако бугарската страна нема поддршка од другите земји членки за своите ставови, нејзиното право на вето е безусловно, и ниедна земја, ниту институција не може да се меша во билатерални прашања, нагласуваат дипломатите во Брисел.

актуелно Брисел скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.