Настаните во парламентот на 27 април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси, доколку е потребно.
Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност за да биде јасно за сите дека законот се применува непристрасно.
Ова е реакција на британската амбасада по приведувањето на дел од обвинетите за настаните во Собранието, меѓу кои има и шестмина пратеници.







