Британските туристи кои се најдоа во неволја на карипскиот остров Свети Мартин кој го погоди ураганот Ирма, холандските војници одбиле да ги примат во последниот американски авион пред да се спушти новиот ураган, Хосе, на тоа подрачје, пишува лондонски „Телеграф“.
Конвој џипови на холандската војска стигна во саботата до уништениот хотел, во кој отседнале Британци, да спасат стотина луѓе и да ги качат на авион пред да стаса Хосе и да го погоди островот.
„Имаше слободни места во џиповите, но на нив им било речено дека неможат да влезат затоа што не се американски државјани, а дека со британската влада не постои аранжман“, објаснува за „Телеграф“ брат на Британка која се нашла во незавидна ситуација.







