Бројот на загинати при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемела, што започна во неделата, секојдневно расте. Според последните податоци бројот на загинати се искачи на 109 лица, додека околу 200 други се водат како исчезнати.
Поради ризици по животите на спасувачките тимови, операциите за потрага и помош на настраданите се времено запрени.
Ова е најмоќна ерупција на Фуего во последниве четири децении, вулканот загрози подрачје на кое живеат околу 2 милиони луѓе, поради што Гватемала побара меѓународна помош за справување со последиците.







