Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
Во Фокусот

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост

јануари 20, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Шпанија денеска е прогласена тридневна жалост додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат уништените вагони за да ги пронајдат жртвите по судирот на возови во кој загинаа најмалку 40 лица, а десетици се повредени.

Според последните информации, бројот на жртви во железничката несреќа во Адамуз во Кордоба се зголеми на 40, додека 41 лице е хоспитализирано, од кои 12 се на интензивна нега, соопштија андалузиските служби за итни случаи.

Полицијата соопшти дека отворила неколку канцеларии каде луѓето можат да поднесат пријави и „да предадат примероци од ДНК за идентификација на жртвите“, пренесува Гардијан.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, говорејќи од местото на несреќата, најави дека ќе биде прогласена тридневна жалост. Тој гарантираше дека владата ќе ги објави информациите штом бидат познати деталите за несреќата.

Речиси 500 луѓе патувале во двата воза кои учествувале во несреќата, пренесе Ел Паис. Во возот на линијата Малага-Мадрид имало 294 луѓе, додека во возот кој одел од Мадрид за Уелва се наоѓале 184 патници.

Шпанскиот министер за сообраќај Оскар Пуенте рече дека линијата Мадрид-Андалузија веројатно повторно ќе биде отворена на 2 февруари. Кога станува збор за можноста дека причина за излетувањето на возот од шините е дефект на пругата, министерот кажа дека мора да се утврди дали тоа е причината или последицата. Пуенте објасни дека шините на пругата каде што се случи несреќата во Адамуз не пукнале само на една делница, туку на неколку места, долж делница на пругата долга 200 или 300 метри. Тој укажа дека се уште не се знае дали тоа е причината или последицата од несреќата.

Министерот напомена дека ова е прва голема несреќа на брзите пруги, со исклучок на судирот во Галиција. Исто така прецизираше дека 20 минути пред несреќата, три други воза поминале низ таа делница на пругата без инциденти.

Италијанската компанија Ирио соопшти дека нивниот воз, кој учествувал во несреќата, поминал последен преглед четири дена претходно.

Околу 40 припадници на Единицата за вонредни ситуации (УМЕ) работат на местото на несреќата во Адамуз, наведоа извори од шпанското Министерство за одбрана.

актуелно железничка жртви загинати несреќа Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.