Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст
Македонија

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст

мај 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.

Од 37-те новозаболени од Ковид-19, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Најголем број дијагностицирани досега има во Скопје – 713, а активни се 199 случаи, потоа следат Куманово со 433 заболени и 34 активни случаи, Прилеп со 210 заболени и 48 активни случаи, Тетово со 172 заболени и 77 активни случаи, Велес со 127 заболени и 43 активни случаи…

Во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19. Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени во рамки на скринингот на вработените во градинките, а вчера е регистриран и еден позитивен случај во Геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува оваа недела и најави дека детските установи ќе почнат со работа кон почетокот на јуни.

Бројот на хоспитализирани со Ковид-19 не се намалува. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 58 пациенти од кои на кислородна поддршка се 24, а на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 18 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат, работат моловите (секој ден освен во недела, со работно време од 10 до 18 часот, но се уште не е дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем на нарачка или достава), обложувалниците, автошколите, стоматолошките ординации… Се очекува да биде донесен план за отворање на угостителските објекти, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

Коронавирусот нема да исчезне, посочуваат здравствените стручњаци и надлежните.

Поради тоа граѓаните и натаму треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не се групираат, задолжително да носат заштитна опрема (маска, марама) со која ќе им бидат покриени устата и носот, редовно да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат и да држат дистанца од два метра.

актуелно заболени корона вирус пораст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.