Бугарија нема да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија доколку не добие изземање од предложената забрана за купување руска нафта, изјави синоќа вицепремиерот Асен Василев.
„Нашиот став е многу јасен. Ако има исклучоци за некои земји, ние исто така сакаме да го добиеме тоа ослободување. Ако тоа не го добиеме, нема да поддржиме санкции“, изјави Василев за националната телевизија БНТ.
Сепак, тој изјави дека не очекува тоа да се случи, врз основа на актуелните разговори што лидерите на ЕУ денеска ги продолжуваат.
Унгарија, Словачка и Чешка, кои во голема мера се зависни од руската сурова нафта, не можат да обезбедат алтернативни извори и побараа изземање од предлогот за забрана на увоз на енергија од Русија.