Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бугарија: Нема ни „В“ од Влада, нови избори на есен
Европа

Бугарија: Нема ни „В“ од Влада, нови избори на есен

август 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Продолжува изборната сага во Бугарија. Пропаѓа и овој обид за состав на нова влада, еден месец по изборите. Единствениот резултат по се изгледа е организирање трети парламентарни избори оваа година наесен.

Во последниот ден пред очекуваното гласање денеска на предлог – кабинетот на Пламен Николов во парламентот, политичката партија која победи на изборите во јули – „Има таков народ“ остана сама во поддршката за него откако БСП и Демократска Бугарија одбија да дадат гласови за поткрепа.

Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов предложен од политичката партија „Има таков народ“ ја повлече својата согласност вчера да биде мандатар во писмо испратено до претседателката на Народното собрание Ива Митева.

Таков документ ќе биде доставен до претседателството на државата, јавија бугарските медиуми.

Во писмото тој наведува дека ја повлекува својата согласност да биде изгласан за 56-ти премиер на Бугарија.

Николов нагласува дека потегот е поради „лични причини“ и предлага да не се гласа за предлогот за влада во Парламентот.

„Разочаран сум не на личен план, туку за државата…. Ги разочаравме луѓето што не можевме да ја реализираме идејата да направиме единство, како што е напишано на оваа зграда, токму кога на нашата земја и е најпотребно“, истакнува Николов.

Според него, наведените први приоритети поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, мерките против кризата со Ковид-19 и усвојувањето на новата буџетска рамка остануваат неисполнети.

Во врска со спорната фигура на предлозите за вицепремиер и министер за внатрешни работи Петар Илиев, Николов рече дека не може да коментира.

Николов вели дека номинацијата на Илиев не е главната причина за недостиг на поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“

На прашањето што ќе се случува понатаму за државата, Пламен Николов одговори: „Избори до крај“.

Меѓутоа, од кабинетот на претседателот на Бугарија излегоа со став кој гласи: „Со указот издаден од шефот на државата, уставната постапка за избор на премиер е веќе во решавачка парламентарна фаза“. Таа го постави прашањето дали за Николов не може да се гласа во Парламентот.

Во моментот во Бугарија се разговара од толкувачи на Уставот за процедурата. Писмото на Николов е резултат на одлуката на „Има таков народ“ – предлог -кабинетот на партијата воопшто не треба да гласа во пленарна сала.

Поранешниот претседател на Националното собрание, Огњан Герџиков смета дека нема потреба од гласање во пленарната сала: „Кабинетот не поминува затоа што е повлечен од оние што го предлагаат“, изјави Герџиков за „Дневник“. „Никој не може да биде принуден да преземе државна функција“.

 

„Без поддршка на протестните партии, ние нема да предложиме влада“…

Слави Трифонов, лидер на „Има таков народ“

 

По изборите на 11 јули во најсиромашната држава од Европската унија, кога ја прекинаа политичката доминација на поранешниот премиер Бојко Борисов, што траеше повеќе од една деценија, ИТН стана единствената најсилна партија, но со само 65 места во 240-члениот парламент, и им е потребна поддршка од други партии.

Ова се случи откако „Демократска Бугарија“ ја смени својата позиција и покрај договорот одби да ги поддржи министрите на ИТН.

Вчера истото го направи и коалицијата на Маја Манолова и Николај Хаџигенов од „Стани. БГ!Доаѓаме“.

Што и да се случи утре во пленарната сала на парламентот Румен Радев мора да го предаде вториот мандат, јавија бугарските медиуми.

ГЕРБ веќе најави дека ќе го врати веднаш и нема да се обиде да формира влада.

Така започнува трката помеѓу БСП, Демократска Бугарија и „Стани БГ! Доаѓаме“ за трет мандат.

Социјалистите најавија дека доколку го добијат, ќе предложат привремената влада да стане редовна. Другите две коалиции соопштија дека ќе задржат некои од техничките министри.

По неуспехот со првиот мандатар, претседателот Радев нема рок до кога да го даде мандатот на втората политичка сила. Меѓутоа, однапред е познато дека кога и да се случи ова, обидот за формирање влада е осуден на пропаст.

Доколку пропадне уставната процедура за формирање влада, следуваат нови парламентарни избори. Дали ќе бидат заедно со претседателските, повеќе ќе зависи од 46. Народно собрание, а помалку од Румен Радев.

Парламентот мора да закаже гласање за шефот на државата пред да се распушти.

Гласањето може да биде најрано три и најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на Радев. Ова значи дека првиот можен датум е 24 октомври, а последниот е 21 ноември.

„Овие сметки се без крчмар. Без гласовите на ИТН или ГЕРБ, кабинетот на една од трите партии што се борат за мандат не собира гласови“, коментираат дел од бугарските медиуми.

 

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно бугарија влада избори Румен Радев Слави Трифонов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.