Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Македонија.
Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски, Николај Сибев, и потпретседателот на Народното собрание, Кристијан Вигенин.
Пеков требаше претходно да допатува во посета на Македонија, но таа беше одложена откако нему и на претседателот Румен Радев, им беше наложена задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Карантинот му беше укинат откако достави негативен ПЦР тест.
извор: МИА







