Швеѓаните утринава пред натпреварот со Англија имаа непријатно будење. Во хотелот со пет ѕвезди во Самара, во кој отседнаа, во осум часот се вклучи противпожарниот аларм, заради што итно се симнаа долу во холот.
Меѓутоа, тревогата за пожар беше лажна, па на „викинзите“ им олесна.
Сепак, таков стрес не им беше потребен пред важен натпревар.







