Германската централна банка објави дека успешно го вратила во земјата планираниот дел од странските златни резерви.
Се работи за повеќе од 53 илјади златни плочи (секоја тежи по околу 12,5 килограми) со вкупна вредност од речиси 23,5 милијарди евра, кои Бундесбанк ги „криела“ во филијалата на Фед во Њу Јорк и во француската централна банка.
После овој трасфер Германија дома има повеќе од половина од своите златни резерви, 1.710 тони, а остатокот го чува во Фед (36,6 отсто) и во англиската банка (Bank of England) (12,8 отсто).
Селидбата на делот од странските златни резерви во своите трезори во Бундесбанк била договорена во 2013 година.
Четиригодишната „операција“ помина без потешкотии. Германија е една од најголемите држави сопственички на злато во светот – сега на сигурно место во Франкфурт држи 675 тони знато и така на дофат на рака има „конкретна“ инвестиција која може да ја продаде во некои немирни времиња.







