Според солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на неодамнешната средба во Солун, македонскиот премиер Зоран Заев му ветил дека ќе го смени името на аеродромот и таблите на улиците.
„Прашањето за името излезе од колосек, чисто поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците“, објасни солунскиот градоначалник за радиото на грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.
Воедно, тој изјави дека е Македонец, а ги пренесе и впечатоците и од приватната посета на Солун на македонскиот премиер.
„Поради потеклото, не постои поголем Македонец од мене. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сѐ“, изјави градоначалникот на Солун во интервјуто за радиото.
За прашањето за името, Бутарис искоментирал дека излегло од колосек поради „глупоста на политичарите“.