Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бујар Османи : Време е Чаршијата не само да се памети, туку повторно да заживее
Македонија

Бујар Османи : Време е Чаршијата не само да се памети, туку повторно да заживее

август 20, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, пред мајсторите и занаетчиите од Старата скопска чаршија ги претстави своите предлог-мерки за зачувување и развој на занаетчиството како столбот на културното и историското наследство на градот.

„Старата чаршија е душата на Скопје, жив споменик на историјата, културата и традицијата. Но нејзината иднина зависи од луѓето кои ја одржуваат оваа традиција жива. Нашата цел е да и се врати историскиот дух и автентичниот имиџ, да се спречи исчезнувањето на занаетите и да се создадат услови тие да продолжат да живеат,“ изјави Османи.

Во рамките на оваа визија, тој најави низа мерки кои ќе ја оживеат Чаршијата и ќе и дадат нова енергија:

– Програма „Мајстор и ученик“: субвенции за мајстори кои ќе обучуваат млади; стипендии за чираци и признание за секој мајстор што пренесува знаење.
– Грант-фонд за занаетчии: средства за алати, суровини, опрема и поправки, како и субвенции за комуналии и закуп на дуќани во историската зона
– „Доживеј ја чаршијата“, занаетчиски денови: месечни настани со отворени работилници, интерактивни изработки и автентично искуство за посетителите.
– Дигитална и туристичка промоција: онлајн платформа со ознака „Изработено во Чаршијата“, како и поддршка за настапи на саеми, изложби и туристички програми.
– Урбана интеграција: вградување традиционални мотиви во јавни простори и реконструкции, за Чаршијата да биде уште повидлива во модерниот живот на градот.

„Општината ќе застане зад занаетчиите и секој млад човек кој сака да научи занает, затоа што тие се чуварите на ова наследство. Туристите не доаѓаат овде по брза храна, туку по историскиот карактер што ја прави Чаршијата единствена,“ порача Османи.

Тој додаде дека Чаршијата ќе оживее пред очите на јавноста: „Посетителите ќе можат да влезат во работилници, да гледаат како се изработува бакар, чевли, резба или ткаенина. Ќе учествуваат, ќе купуваат, ќе учат. Ќе создадеме вистинско доживување од работата на занаетчиите. Ова ќе биде туристичка понуда број еден.“

Со оваа програма, Османи ја најави својата посветеност да ја врати Чаршијата таму каде што припаѓа – во срцето на Скопје и на мапата како најголем културен, економски и туристички бренд на регионот.

актуелно Бујар Османи занаетчии чаршија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.