Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Буџетот за 2020 година за Владата реален, носи повисоки плати и пензии
Економија

Буџетот за 2020 година за Владата реален, носи повисоки плати и пензии

ноември 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата го утврди буџетот за наредната година, оценувајќи го како реален со реални проекции, фокусиран на човечкиот капитал, со зголемени плати, пензии и капитални инвестиции на ниво од 23 милијарди денари. Тежи 3,898 милијарди евра и има раст од
пет отсто во однос на претходната година. Приходите се проектирани на 3,615 милијарди евра и раст од 5,6 отсто и дефицит од 2,3 отсто од БДП.

Предлогот, кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието, го претставија на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Во средиштето на вниманието кога се креираат политиките се граѓаните и растот на стандардот, а политиките во наредната година ќе бидат посветени на поддршка на потенцијалот за раст и за грижа за секој граѓанин, порача премиерот, истакнувајќи дека е водено сметка секој денар на граѓаните да биде најдобро и најпродуктивно искористен.

Министерката Ангеловска го оцени како реален предложениот буџет за наредната година.

„Причината поради која поддршката на човечкиот капитал е во фокус, односно вложување во граѓаните и создавање подобри услови за живот, е предизвикот со кој сме соочени како земја: да го задржиме и надградиме нашиот човечки капитал.

Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот раст. Свесни сме
дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот. Добар буџет е оној буџет што ги адресира приоритетите – а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал, рече министерката за финансии.

Вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64 отсто од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година.

Предвиден е раст на платите, раст на вработеноста, социјална заштита на ранливите категории, раст на бруто-инвестициите…

Платите ќе растат во здравството од јануари, во образованието исто така од јануари, а се предвидува и подобрување на стандардот на возрасните лица за 700 денари и заедно со постојното усогласување ќе биде вкупно 850 – 900 денари.

Капиталните расходи се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а ќе се трошат за интензивирање на инфраструктурните проекти, за вложување во патна и железничка инфраструктура, енергетска и комунална инфраструктура, капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образованиот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Пет милијарди денари се планирани за вложување во енергетската и комуналната инфраструктура и управување со отпад…

Проектирани се пари и за аерозагадувањето – 100 милиони денари, што, како што беше посочено, не се вкупни средства бидејќи дополнителни средства има во одделни министерства и 10 милиони евра во буџетот на ЕСМ, а набавка на еколошки инвертери за 10.000 домаќинства.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од годинашните 2,5 отсто, во согласност со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на сите меѓународни организации.

Дефицитот изнесува 17,385 милијарди денари.

Растот на БДП е проектиран на 3,8 отсто, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и инвестициите – јавни и приватни.

Предлог-буџетот за наредната година ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценија дека ова е најголем буџет во историјата и дека власта планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички и неразвојни програми.

„Буџет од 3,9 милијарди евра, а ниту денар повеќе за капитални инвестиции, ниту денар повеќе за развој. Буџетот на Заев е најнеразвојниот буџет што Македонија некогаш го имала, рече Никола Мицески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

МИА

актуелно буџет влада пензии плати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.